6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Рано утринава во 7:40 часот беше почувствуван нов земјотрес во Македонија, според Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ во Скопје. Земјотресот бил почувствуван во повеќе градови од јужниот дел на Македонија.

Земјотресот со магнитуда од 3,9 степени е регистриран на 109 километри од Скопје, 42 километри југозападно од Демир Капија и 9 километри северно од Промахој, Грција, односно на самата македонско-грчка граница. Земјотресот бил на 5 километри длабочина.

Според извештаите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар само десетина минути порано, имало земјотрес и во Егејското море.

Вчера пак имаше земјотрес во Тирана, кој исто така беше почувствуван и во Македонија.

поврзани објави

Последни објави