Македонската футсал репрезентација пласманот на ЕП во Словенија го доведе до теорија , откако денеска загуби со високи 7-3 од репрезентацијата на Чешка.
Ова е втор пораз откако ден порано загубие од фаворитот Казахстан со 3-0. Овојпат нашите футсалци беа по рамноправни брзо поведовме со 1-0, но Чесите израмнија набрзина потоа следуваше потполна иницијатива на Чешките футсалци и направија 4-1, до крајот постигнавме уште два гола но и Чесите засилија па така славеа заслужена победа од 7-3.
Шансите се значително намалени но не и изгубени. На Македонија и престои дуел со Данска на кој треба да се атакува на убедлива победа со надеж дека ќе бидеме најдобри трето пласирани од сите групи и ќе обезбедиме плеј-оф.