-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС говори за образование, а подготвува редефинирање на државата

СДС се обидува со апсурдни и манипулативни прес-конференции да ја дефокусира јавноста од прашањето кое ја интересира јавноста, што се има СДС прифатено од Тиранската Платформа, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на деншниот прес на Петар Атанасов од СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ сега говори за образование, а на големо подготвува редефинирање на државата од мултиетничка во бинационална.

– Буџетот за образование е зголемен за повеќе од 86%. Изградени се 74 нови училишни објекти, а повеќе од 400 се реконструирани. СДС не изгради ниту едно ново училиште. Изградени се 99 спортски сали, наспроти 0 изградените на СДС. Отворени се 3 нови државни универзитети со кои им се даде можност на сите заинтересирани граѓани, независно од финансиските можности да се запишат на факултет и со личен труд и посветеност да стекнат факултетска диплома. Во времето на СДС факултетите беа достапни само за децата на оние кои се офајдија од криминалната приватизација. Изградени се нови студентски сместувачки капацитети, а инвестиравме и во реконструкција на постојните, додека СДС за партиски потреби во минатото узурпираше државни објекти, предвидени за отворање на студентски домови, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат и дека денес учениците и студентите имаат на располагање повеќе од 40 различни видови стипендии и други финансиски стимулации, бесплатни учебници, основното образование е целосно реформирано во партнерство со Универзитетот Кембриџ, за наставниците се обезбеди континуиран раст на платите.

– Сето ова ја прави разликата помеѓу ВМРО–ДПМНЕ и СДС кој, додека земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побрзо ќе направи некаква иновација, нивните образовни експерти повторно предлагаат во Македонија натпреварот да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште. Граѓаните се против нивните штетни идеи содржани во Тиранската Платформа или како што тие ја нарекуваат – програма за работа, се вели меѓу другото во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави