5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

„За заедничка Македонија“ подготвени да реагираат во секунда: Следната недела е клучна

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ информираа дека продолжуваат со протести на улиците од понеделник, каде се очекува да бидат уште помасовни.

Од претставници на иницијативата порачаа дека следните три денови ќе бидат клучни за заштита на унитарноста на државата, притоа предупредувајќи ги лидерите на сите политички партии да внимаваат што ќе одлучат и какви потези ќе повлечат.

„Следната недела ќе биде клучна за сите граѓани на Република Македонија и ние сме подготвени да реагираме во секунда, ќе бидеме будни и нема да дозволиме ниту една соседна земја да се вмеша во нашата внатрешна политика“, истакнаа од иницијативата.

Протестот во понеделник ќе биде 42-ри, а тие најавија дека ќе останат на улиците се додека не се отфли платформата наметната од друга земја.

поврзани објави

Последни објави