Зборот не беше празно ветување: Првата плата на градоначалникот Иван Гоцевски обезбеди нов кров над глава за вреден работник од Тработивиште
Ветувањето дадено на првиот работен ден од мандатот на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, доби своја реализација. Вредниот работник од селото Тработивиште, Горан Узунски, вработен во ЈКП „Брегалница“ – Делчево, доби градежни материјали за санација на кровот на својата куќа, обезбедени од првата плата на градоначалникот.
Претходно, градоначалникот Гоцевски му додели специјално признание на Узунски за неговиот несебичен ангажман, одговорност и посветеност во извршувањето на работните задачи, при што јавно вети дека својата прва плата ќе ја донира токму нему.
Според информации од жителите на Тработивиште, ветувањето било реализирано во текот на вчерашниот ден, кога градежните материјали биле доставени директно пред домот на Горан Узунски. Материјалите ќе му овозможат да го замени дотраениот кров на куќата, што за него и неговото семејство претставува значајна поддршка.

