Портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич денеска на прес-конференција истакна дека Европската комисија очекува сите политички лидери и институции во Република Македонија да дозволат демократскиот процес во земјата да се одвива, што според нив значи избор на нов спикер на парламентот а потоа и нова влада, без одложување.
„Ние сме гласни за тоа што очекуваме да се случи во земјата и во оваа фаза, ние го следиме развојот на настаните и постојано говориме во повеќе навратии дека мора да се почитуваат резултатите од последни парламентарни избори и сегашниот неизвесен застој и Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. Знаете дека двајцата, Високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување“, потенцираше Коцијанчич.