7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Попоски изрази сочувство по повод нападите во Египет

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до неговиот египетски колега, Самех Шукри, по повод нападите врз црквите во градовите Танта и во Александрија во Египет.

„Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Египет. На повредените им пожелувам брзо закрепнување. Република Македонија најостро го осудува чинот на тероризам што претставува напад врз Египет, врз египетското единство, и воопшто врз универзалните вредности на човештвото. Даваме силна поддршка на Египет и на меѓународната заедница во борбата против сите форми на тероризам и екстремизам, стои во писмото од министерот Попоски“, соопшти МНР.

Според последните информации, најмалку 25 лица ги загубија животите, а 59 беа повредени во коптската црква во Танта, додека во нападот во Александрија, загинаа 11 лица.

поврзани објави

Последни објави