12.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Ковачки ги обедини поранешните генерални секретари: демонстрација на политичка зрелост, континуитет и цврста поддршка за Мицкоски

Денес имав чест да бидам во друштво на луѓето кои со својата посветеност, труд и љубов кон организацијата оставиле длабока трага.

Им доделив плакети за благодарност на поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, Војо Михајловски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Емил Димитриев и Ѓорѓија Сајкоски како признание за нивниот значаен придонес и долгогодишен ангажман.
Остануваме обединети, заедно со искуството и енергијата што ја носиме.

Средбата претставува значаен момент на заедништво, искуство и континуитет. Во време кога предизвиците се сериозни, ваквите средби се потсетник дека силата на една организација лежи во нејзините луѓе, вредности и историја.

Размената на мислења, идеи и искуства меѓу луѓето кои ја граделе партијата низ годините е од непроценливо значење за идните чекори. Единството и посветеноста кон заедничката цел остануваат приоритет.

На оваа средба беше изразена јасна и недвосмислена поддршка за претседателот Hristijan Mickoski, како креатор и двигател на сегашните и идните политики и развој на татковината Македонија.
Со мудроста од минатото и енергијата за иднината, продолжуваме напред.
За Македонија,
За ВМРО-ДПМНЕ,
#ВМРО

поврзани објави

Последни објави