fbpx
35.8 C
Skopje

Атлетико Мадрид знае како да го задржи Гризман

АКТУЕЛНО

Шпанксиот тим Атлетико Мадрид нема намера да остане без својот најдобар фудбалер Антоан Гризман, па започна преговори со францускиот репрезентативец за нов договор, пренесуваат француските медиуми.

Имено, познато е дека Гризман во договорот со Атлетико Мадрид има откупна клаузула од 100 милиони евра, а неколку европски гиганти се спремни да ја платат.

„Јорганџиите“ се свесни дека нема да можат да го спречат трансферот доколку некој клуб се одлучи да ја плати клаузулата, па смисли план како да го задржи Французинот.

Имено, Атлетико Мадрид е подготвен на Гризман да му понуди нов договор според кој сегашната годишна плата од седум милиони евра би му пораснала на 10 милиони, но и новата откупна клаузула ќе биде значително повисока.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -