Денес во посета на Македонија се наоѓа заменик команданто на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти Мек Гваер, кој пристигна на покана од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.
Гваер оствари средба и со министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски каде се разговарало за повеќе точки, меѓу кои и одржување на заеднички вежби помеѓу компените сили на САД и АРМ на полигонот во Криволак.
Разговор имало и околу придонесот на АРМ во мировните мисии, како и идните планови за тоа каде би била ангажирана дел од нашата Армија во идните мисии на Обединетите нации.