-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МБП: Крива Паланка и Ќустендил со заеднички план за туристичка промоција на нивниот регион

Tуристички агенции, хотелиери, угостители и други туристички организации од Североисточниот регион во Македонија и Ќустендилска област од Бугарија на заедничка средба во Крива Паланка ги разгледаа можностите овој пограничен регион да прерасне во препознатлива туристичка дестинација.

Целта на заедничките средби на групите од македонска и бугарска страна е изработка на акциски план за развој на претприемништвото во туризмот, преку искористување на познатите туристички локалитети и подобрувањето на услугите и понудата во областа на туризмот.

Фокус групите на двете средби, во Ќустендил и во Крива Планка, работеа на разработка на предлог акцискиот план, кој во својата финална верзија ќе содржи конкретни акциски мерки за креирање на туристичката понуда во Североисточниот регион на Македонија и Ќустендилската област во Бугарија во насока на подобрувањето на туристичките услуги.

Меѓу нив се брендирање на регионот како туристичка дестинација со препознатливо лого, изработка на заедничка база на туристички локалитети, атрактивен промотивен продукт и он-лајн туристичка платформа.

Средбите на фокус групите и изработката на акциски план се дел од проектот „СТЕПС- Поддршка на претприемништвото и промовирање на услугите во туризмот”, финансиран од Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кофинансирана од Европската унија.

Проектот го реализира здружението „Регионален центар за соработка – Спектар”, Крива Паланка, во партнерство со здружението „Младински општински совет“ од Ќустендил

поврзани објави

Последни објави