19.4 C
Skopje
недела, јуни 7, 2026

Гоцевски: Швајцарските практики се значаен пример за одржлив развој на општините

Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцавски од денеска присуствува на тридневна работна посета на Ешалан, Швајцарија.

Во рамки на посетата Градоначалникот Гоцевски има предвидено повеќе работни состаноци, но и средби како со официјалните лица на оваа швајцарска општина, така и со претставници на бизнис секторот и граѓани по потекло од Делчево и Македонија кои долги години успешно работат во Швајцарија.

Од средбите се очекува покрај размената на искуства и воспоставувањето на комуникација, да произлезат конкретни иницијативи и проекти за соработка во интерес на граѓаните на двете општини.

“Како градоначалник на Општина Делчево и претставник во делегацијата на Република Македонија, составена од претставници на повеќе институции, имав чест да ја посетам пречистителната станица за отпадни води во Ешален, Швајцарија.

Посетата претставуваше одлична можност за размена на искуства и запознавање со современите решенија и практики во управувањето со отпадните води и заштитата на животната средина. Швајцарските искуства и достигнувања во оваа област се значаен пример за развој на одржлива и ефикасна комунална инфраструктура.

Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace
Во оваа прилика сакам да ја истакнам искрената благодарност за континуираната поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на Општина Делчево преку бројни проекти и иницијативи насочени кон подобрување на условите за живот на нашите граѓани, зајакнување на локалните капацитети и унапредување на заштитата на животната средина.

Убеден сум дека ваквите партнерства и размената на добри практики ќе придонесат за понатамошен развој на нашата општина и реализација на современи решенија во интерес на сите граѓани на Делчево.

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со денешната работна средба во погонот на Пречистителната станица за отпадни води на Ешалан.

поврзани објави

Последни објави