Автор: Марио Милчевски
Во политиката има луѓе кои доаѓаат на функции, а има и луѓе кои со својата работа природно стигнуваат до нив. Драган Ковачки е токму од втората категорија.
Одлуката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, да му ја довери функцијата генерален секретар не е случајна. Таа е резултат на години посветена работа, дисциплина, лојалност, карактер и докажани резултати на терен.
Ковачки не е политичар кој се појавува само во изборни кампањи. Напротив, тој беше меѓу народот и и кога беше најтешко. Постојано на терен, меѓу членовите, активистите и граѓаните, достапен за секого, секогаш подготвен да сослуша, да помогне и да биде дел од решението.
Токму затоа денес ужива огромна почит во партиските редови. Не поради функцијата, туку поради довербата што ја изгради со работа.
Неговото воено искуство, чувството за организација и способноста да создаде тимски дух се квалитети кои ретко се среќаваат во политиката. Ковачки знае дека победите не се добиваат во кабинетите, туку на терен, меѓу луѓето. Затоа и беше еден од најактивните носители на изборните процеси кои резултираа со историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на довербата кај граѓаните.
Кога една партија сака нови победи, таа избира луѓе кои знаат да победуваат. Кога сака силна организација, избира луѓе кои знаат да организираат. Кога сака доверба од народот, избира луѓе кои народот ги препознава како свои.
Драган Ковачки денес е повеќе од генерален секретар. Тој е симбол на новата енергија, дисциплина и победничкиот дух на ВМРО-ДПМНЕ.
Со луѓе како него во раководството, партијата не се подготвува само за следните избори. Таа се подготвува за нови историски победи!


