31.9 C
Skopje
сабота, јули 4, 2026

(ФОТО) Мицкоски: поставен камен-темелник за затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел

Мицкоски: поставен камен-темелник за затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел

Денес присуствував на поставување на камен темелник за изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел. Доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани.

Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел, полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна.

Она коешто можам да го кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа.

поврзани објави

Последни објави