Рано утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во Охрид, каде животот го загуби 26-годишниот Д.Ј. од охридското село Велгошти.
Според информациите кои ги пренесе СВР-Охрид, несреќата се случила во 5:25 часот на улицата „Питу Гули“, каде Д.Ј. ја загубил контролата над возилото „Форд Мондео“ кое го управувал, преминал во спротивната страна и удрил директно во дрво.
На лице бесто бил извршен увид во присуство на јавен обвинител, а неговата смрт ја констатирал доктор од Службата за итна медицинска помош.
Над починатиот ќе биде извршена обдукција, додека на возилото ќе му биде направено дополнитечно вештачење, со цел да се дефинира вистинската причина за несреќата.