5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

„Да“ или „не“: 55 милиони Турци решаваат за својата, но и иднината на Европа

Во недела над 55 милиони Турци ќе решаваат за иднината на својата држава. На референдумот ќе добијат ливче со само две опции „да“ или „не“ за промена на политичкиот систем, односно парламентариот да се замени со претседателскиот систем на функционирање.

Експертите, но и обичните познавачи на ситуацијата јасно тврдат дека ова всушност е битка за актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој доколку дојде до промени ќе остане на власт до 2029 година и ќе има многу поголеми овластувања од оние што ги има сега.

Лидерот на најголемата опозициска Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу истакна дека со уставните промени Ердоган ќе може да прави што сака во иднина и Турција ќе влезе во тотален авторитаризам.

Оваа одлука ќе влијае и врз цела Европа, во зависност од тоа дали Ердоган ќе добие целосни овластувања или не. Тоа го најави и самиот Ердоган, кој порача дека иднината на Европа зависи од имигрантите во Турција.

„Иднината на Европа ќе ја дефинираат пет милиони наши браќа, кои се населиле таму“, истакнал Ердоган.

поврзани објави

Последни објави