8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Првиот летечки автомобил од лето ќе почне со продажба

По петнаесетина години развој и повеќе прототипови словачката компанија „Aeromobil го најави лансирањето на својот прв комерцијално достапен летечки автомобил за 20 април за време на овогодишната изложба на суперавтомобили Top Marques Monaco 2017, по што треба да биде достапен и за преднарачка. Цената уште не е позната.

Според објавата, ова ќе биде првиот комерцијално достапен летечки автомобил со стотина подобрувања и во дизајнот и во инженерството во споредба со прототипот прикажан пред две години во Виена.

Летечкиот автомобил е направен во согласност со постојните регулативи како за автомобилите, така и за авионите.

Во Монако ќе биде претставен пред потенцијалните купувачи и пред идните инвеститори. Станува збор за целосно функционален автомобил со интегрирани делови и механика кои според потребата се претвораат во вистинско летало. Од „Aeromobil“ тврдат дека оваа машина хармонично ја комбинира функционалноста на авионите и автомобилите дури и во зони без патна инфраструктура.

поврзани објави

Последни објави