4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бактерија пронајдена во пилешкото месо на „Перутнина Птуј“: АХВ ги смирува страстите

Во Хрватска од продажба се повлечени производите од пилешко месо на фабриката „Перутнина Птуј“, откако било докажано дека има присуство на Бактеријата салмонела.

Бактеријата била пронајдена во пилешки гради со коска без кожа произведени од Перутнина Птуј ПИПО со дата на производство од 29 март оваа година и тежина од 674 грама.

Сепак, во Македонија нема простор за паника, а тоа го соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кои порачаа дека е направена контрола од дежурните инспекциски тимови и е утврдено дека овој производ не се пласира на македонскиот пазар.

поврзани објави

Последни објави