7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Скопјанец обвинет за препродажба на 10 килограми марихуана

За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот Г.П. во текот на октомври минатата година од засега непознато лице набавил поголема количина на марихуана со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека истиот кој претходно е пријавуван за имотни деликти, препакуваната дрога која ја чувал во куќа во с. Горно Лисиче и веќе  почнал да ја продава на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Така на 5 април пријавениот бил забележан како управува возило со уште едно лице кое било со него во централното градско подрачје при што истиот бил сопрен на бул. „Крсте Мисирков“ и од страна на полициски службеници од Единицата му било извршено легитимирање, личен преглед и преглед на возилото. По извршениот преглед на лицата и возилото во предниот дел под хаубата поточно во кутијата за парно била пронајдена една поголема најлонска кеса со марихуана, по што лицата биле приведени во службените простории на Единицата.

Истиот ден, со наредба од судија на претходна постапка извршен бил претрес во домот и другите простории кај пријавениот при што биле пронајдени и одземени 21 паковка марихуана наменета за улична продажба. По извршеното вештачење на пронајдената и одземена наркотична дрога било утврдено дека пронајдената марихуана во возилото на пријавениот е со вкупна нето тежина од 5,1 кг додека пронајдените паковки во неговиот дом се со вкупна нето тежина од 4, 76 кг.

поврзани објави

Последни објави