Легендата на Челси, Џон Тери по 22 години на крајот од сезоната ќе го напушти Стемфорд Бриџ.
Тери дојде во Челзи во 1995 година како младинец од редовите на локалниот ривал Вест Хем, а за првиот тим дебатираше три години подоцна.
Во меѓувреме, изигра 713 натпревари и постигна 66 гола, освои 17 трофеи, од кои четири во Премиер Лигата, по една во Лигата на Шампионите и Лига Европа.
Меѓутоа, со доаѓањето на Антонио Конте тој стана резерва, изигра едвај десет натпревари, од кои само пет во Премиер Лигата. Не постигна ниту еден гол, а тоа му се случило само во дебитантската сезона, кога имаше само седум настапи за „сините“.
Тери е типичен пример за силен, порен дефанзивец и роден лидер, „командант“ на одбраната, познат по своите агресивни стартови, одлично позицинионирање и способност за „читање“ на играта.
Капитен на Челзи стана во 2004 година по пензионирањето на Марсеј Десај и доаѓањето на Жозе Мурињо на теренската позиција. Капитенската лента ја носеше 578 натпревари.
Се смета дека Тери е еден од најдобрите стопери на својата генерација. Три пати беше прогласен за дефанзивец на годината во Европа, а во 2005 година и за најдобар играч на Англија.
Пет сезони во низа е избран во идеалниот тим на Унијата на професионални фудбалери, а беше член и на идеалниот состав на Светското првенство во 2006. година во Германија и тоа како единствен Англичанец.
За англиската репрезентација изигра 78 натпревари, а постигна и 6 гола.