17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

Ердоган продолжува да апси

Според пишувањата на „Ројтерс“, турскиот обвинител издал наредба за апсење на 380 бизнисмени под обвинение дека финансиски му дале поддршка на Фетхуллах Ѓулен, кој пак е обвинет за организирање на неуспешниот пуч минатата година.

Покрај оваа наредба, медиумите во Турција известуваат и дека се издадени налози за претрес во домовите на неколку новинари, кои важат за критичари кон Ердоган и неговите соработници.

Ѓулен живее во САД, но беше обвинет за обид да направи пуч во Турција, каде загинаа 240 луѓе. Ова не е прва акција од ваков вид, откако претходно беа суспендирани 1.500 затворски чувари и други службеници, а околу 10.000 луѓе вработени во државната администрација беа испитувани околу целата ситуација.

поврзани објави

Последни објави