Високата изборна комисија во Турција денеска ги отфрли опозициските барања за поништување на референдумот за уставни измени, со кој се прошируваат надлежностите на Претседателот на државата, јавија турските медиуми.
Десет членови на ВИК гласаа против поништување на гласањето, а еден член гласаше за поддршка на барањето на опозицијата, јави турскиот ТВ канал НТВ.