Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека испраќањето на дипломати во македонските дипломатски претставништва во странство се врши во согласност со релевантна законска рамка и потенцира дека и сега и во иднина ќе продолжи да функционира во доменот на надворешната политика заштитувајќи ги националните интереси. Макфак го пренесува соопштението од МНР во целост:
„Во контекст на објавата на неколку лица кои со нескриени политички амбиции се затскриваат зад насловот Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), цениме дека е корисно да се запознае јавноста дека упатувањата во ДКП се вршат во согласност со релевантна законска рамка. Истата го опфаќа Законот за надворешни работи, одредбите содржани во Правилникот за упатување и сите други релевантни подзаконски акти. Секако дека овие факти се познати и за лицата кои се претставуваат како Синдикат, а впрочем се обидуваат да извлечат лична или политичка корист.
Министерството за надворешни работи, како досега, така и во иднина ќе се грижи за функционирањето во доменот на надворешната политика и заштита на националните интереси, вклучително преку дипломатско-конзуларната мрежа и секако, во рамки на можностите дефинирани со буџет.