Откако Радмила Шекеринска од СДСМ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека го блокираат целиот систем и дека ваквото нивно дејстување има сериозни последици за граѓаните на Република Македонија, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара збор од претседавачот Вељаноски и ја обвини Шекеринска дека за време на СДСМ 200. 000 луѓе останале без работа.
„Јас паметам бев дете кога Шекеринска беше актуелна во политиката и медумите. За истото време памтам дека 200. 000 луѓе останаа без работа, а тие не покажаа никаква грижа. Да се симнам на нејзино ниво, памтам дека 58 луѓе извршија самоубиство или добија удар, благодарение на штедилницата ТАД. СДСМ не ги зголемуваше ниту платите, ниту пензиите, цело време блокираше со илјадници амандамни, блокираа со закони кои беа исклучиво од политичка причина и сега наеднаш таа рони солзи за проблемите на граѓаните. Никој не ви верува госпоѓо Шекеринска“, рече Димовски.