6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Лина Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и во третиот меѓусебен дуел со Катинка вон Дајхман од Лихтенштајн доживеа пораз.

Ѓорческа денеска во четвртфиналето на фјучрсот во Киасо, Швајцарија (награден фонд 25.000 долари) загуби со 2-1, по сетови 3:6; 6:0 и 2:6 за нешто повеќе од еден и пол час игра.

И покрај елиминацијата во четвртфиналната фаза, најдобрата македонска тенисерка на овој фјучрс освои 9 поени.

Ѓорческа попладнево ќе игра и меч во полуфиналето во конкуренција на двојки. Таа во пар со Александрина Најденова од Бугарија како први носителки ќе играат против Миртил Жорж (Франција) и Тес Суњо (Швајцарија).

поврзани објави

Последни објави