2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Бараме итна седница на Советот и референдум за рудниците во Валандово (ВИДЕО)

„Најнапред, им честитаме на граѓаните на Општина Гевгелија за успешно организираниот референдум преку кој едногласно и најдиректно им рекоа НЕ на рудниците за злато.

Нашата општина Валандово веќе подолг период е исправена пред истите предизвици и ризици од отварање на рудници и претвoрање на земјоделската и еколошка Валандовска котлина во рударски крај. Со оглед на сериозноста на прашањето, Советничката група на СДСМ на 11-ти април 2017 година, поднесе барање за свикување на итна и јавна седница на Советот на која ќе се дискутира забарањата на граѓанската иницијатива “Спас за Валандово”, но до денеска се уште не нема одговор нашите барања.

Затоа, денес упатувам уште еден апел до претседателката на Советот на Општина Валандово г-ѓа Јасминка Сечкова и до сите наши колеги советници во Советот на Општина Валандово без оглед на нивната партиска припадност во најбрз можен рок да ја одржиме Седницата на Советот на Општина Валандово на која би изгласале одлука за одржување на референдум. На реферндумот граѓаните на нашата општина би го искажале својот став по однос на прашањето за отворање рудници во Валандовската котлина која важи за една од најеколошките котлини во Македонија.

Граѓаните заслужуваат самостојно да одлучуваат дали во нивната средина сакаат да се отворат рудници и Советот во Општината е должен да им го овозможи тоа право“.

поврзани објави

Последни објави