Претседателот Румен Радев ни посака стабилност и управување во 4-годишен период. Тоа го изјави копретседателот на парламентарната група на “Обединети патриоти” Валери Симеонов по средбата со претседателот Румен Радев.
“Заврши средбата со претседателот поврзана со составувањето на владата. Премина во добротворен дух, со многу голем процент на согласување на тезите и нашите разбирања. Радев ни честиташе за храброст за формирање влада во коалиционен формат.
Претседателот рече дека ја разбира нашата одговорност, тој ја има разгледано нашата програма и со стратешките приоритети во периодот 2017- 2021 година, при што истакнал дека тој ги поддржува и споделува овие приоритети“, рече Симеонов
Другиот копретседател Волен Сидеров посочи дека за прв пат при средба со претседателот добиле позитивна оценка за тоа дека се токму европски националистички организации. “Мило ми е што имаме претседател кој ги проценува и почитува патриотските идеи”, рече Волен Сидеров.