11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Жан Мари Ле Пен ја обвини својата ќерка дека водела „смирена“ кампања

Францускиот политичар Жан Мари Ле Пен изјави дека неговата ќерка Марин Ле Пен, која ќе се бори за претседателската функција во вториот круг на изборите на 7 мај, требало да води поагресивна кампања за време на првиот круг, следејќи го примерот на Доналд Трамп. Марин Ле Пен освои 7,5 милиони гласови, со што го подобри претходниот рекорд на партијата Национален фронт, но не успеа да го измести од првото место нејзиниот против кандидат Емануел Макрон.

“Мислам дека нејзината кампања беше премногу опуштена. Ако јас бев на нејзиното место, јас ќе ја водев кампањата како што тоа го направи Трамп, отворено, агресивно и остро  против одговорните за ослабувањето на нашата земја, без разлика дали се работи за левите или за десничарските сили “, изјави Жан Мари Ле Пен пред радиото RTL. Меѓу Марин Ле Пен и нејзиниот татко има одредени контроверзии откако таа се зафати да го исчисти имиџот на Националниот фронт. Во 2002 година, нејзиниот татко го шокираше светот, откако стигна до вториот круг на претседателските избори, на кои, конзервативецот Жак Ширак освои огромно мнозинство.

Жан Мари Ле Пен често е обвинуван дека неговите изјави се ксенофобични или антисемитски и во 2015 година неговата ќерка го отстрани од партијата. Како нејзин основач сепак тој остана позната фигура и неговото мислење е од значење за крајната десница во Франција. Друг знак за влијанието на Жан Мари Ле Пен е фактот дека Националниот фронт има позајмница од неговата фондација во висина од 6 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави