14.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

По повод 25. годишниот јубилеј како дел од Рома, Франческо Тоти ќе добие специјални копачки

Компанијата  ,,Најки’’ одлучи со специјална едиција на копачки да го одбележи јубилејот на Франческо Тоти, 25 години од тимот на Рома. За ,,Принцот на Рим’’ компанијата произведе копачки кои ги нарече ,,Nike Teimpo Totti Roma’’.

Во продавниците копачките се појавија на 26 април, а легендата на Рома прв пат ќе ги носи на градското дерби ,,Дерба дела Капитале’’, против Лацио.

,,Најки ќе произведе’’ 2.500 пара вакви копачки, односно по 100 за секоја сезона кој тој ја минала во Рома. Цената на овие копачки ќе изнесува  225 евра.

,,Во  училиштето не учат дека семејството е најважно за човекот,а тоа е она што го чувствував јас за Рома. Дали некогаш сте слушнале дека некој ги напуштил сиромашните родители само за да може да живее со богати странци’’, изјавил во минатото Тоти.

,,Принцот на Рим’’ во кариерата има  одиграно одиграно 616 натпревари во Серија А.

 

 

 

 

поврзани објави

     

Последни објави