6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Интернет кампања за младински политики и програми

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска ќе потпише меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации – СЕГА, со што ќе започне онлајн кампања за промоција на младинските политики и програми.

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, КСС сака да воспостави соработка со младинските организации заради подобрување на економско-социјалната положба на младите во општеството и креирање политики за нивна поголема вклученост, како и промовирање на младите на пазарот на трудот, најави КСС.

поврзани објави

Последни објави