fbpx
-6.2 C
Skopje

ВИДЕО: „Шутка не ти бега Никола“ и „Едно име имаме“ се пее во Собранието на Република Македонија

АКТУЕЛНО

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ откако ја испејаа химната на Република Македонија станаа на нозе и наместо да расправаат по точката на дневен ред, почнаа да скандираат и да пеат песни. Едните извикуваа „Избори“, другите „Шутка не ти бега Никола“.

Антонијо Милошоски побара на гласање за избори, за како што рече, да се гласа на избори за да се види кого народот го сака. Во Собранието атмосферата се вжештува, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ скандираат „Избори“ и ги повикуваат СДСМ да прифатат избори.

Од друга страна пратениците на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците на нозе бара да се изгласа нов претседател на Собранието.

Во меѓувреме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееја химната на Република Македонија а во пеењето се приклучи и претседавачот Трајко Вељаноски.

 

ВИДЕО: а1он

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -