Демонстрантите од “За заедничка Македонија“се пробија до влезот на Собранието и се обидуваа да влезат внатре додека лидерот на СДСМ Зоран Заев држеше прес конференција.
Во моментов внатре се пратениците и новинарските екипи. Лидерот на СДСМ, го повика МВР да си ја заврши работата и да ги отстрани тие што влегоа и се наоѓаат пред прес салата. Групата е бројна и тие се пред влезот во Собранието. Барикадата штотуку беше пробиена, а секој четврти граѓанин е со качулка на лицето.
Телма телевизија штотуку извести дека потпретседателот на Дамјан Манчевски е раскрвавен на неговото лице.