6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Црногорскиот парламент едногласно го усвои предлог законот за членство во НАТО

Парламентот на Црна Гора денеска едногласно со 46 гласови „за“ го усвои Предлог-законот за потврдување на Северноатлантскиот договор, со кој се обезбедуваат услови за пристапување на земјата во НАТО.

Покрај владејачката коалиција, членството на Црна Гора во Алијансата го поддржаа и пратениците на Социјалдемократската партија, кои единствени од опозициските партии присуствуваа на парламентарната седница што се одржа во Цетиње.

Паралелено со одржување на седницата, Демократскиот фронт организираше протести поради одлуката за членство на Црна Гора во Северноатлантската алијанса. Тие нагласија дека нема да ја признаат одлуката на Парламентот.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ пред седницата изјави дека Парламентот денеска има историска привилегија да донесе одлука која ќе се памти се додека постои Црна Гора и Црногорците.

поврзани објави

Последни објави