6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најмалку две лица повредени во силен земјотрес на Филипини

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди Филипини, при што се повредени две лица и оштетени неколку згради.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот се случил во петок навечер, на 53 километри од островот Минданао, на длабочина од 41 километар.

Американски сеизмолози предупредуваат на можен цунами во регионот на Минданао и во Индонезија.

По земјотресот, илјадници жители излегоа на улиците, а во најновиот потрес оштетена е зградата на една болница, две владини згради, пристаништето и предизвика уривање на најмалку една зграда.

поврзани објави

Последни објави