4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Хојт Ји наместо во понеделник, доаѓа утре, средба ќе има и со Иванов

Заменик секретарот на американскиот стејт департмент, Хојт Брајан Ји во Македонија ќе дојде уште утре, наместо како што беше најавено само во понеделник.

Како што пренесува А1он Ји ќе има средба со претставници на  на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, Алијансата за Албанците и ДПА, ќе се сретне со новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов иако претходно беше најавено дека Иванов и Хојт Ји нема та се сретнат.

Хојт Ји утре ќе се сретне со партиите на албанците, а во понеделник ќе има одвоени средби со Зоран Заев, Талат Џафери, Никола Груевски и Ѓорге Иванов.

поврзани објави

Последни објави