Полицијата привела четири лица од вкупо 15 кои ги бара јавното обвинителство во врска со упадот и насилството во Собранието, јавува АЛСАТ-М од неофицијални извори.
Еден од четворицата, велат истите извори, е началник во Управата за безбедност и контраразузнавање, тврдат од телевизијата.
Останатите 11 по кои се трага засега се недостапни за полицијата. Сите 15 лица по кои од синоќа трага МВР, неофицијално објавува АЛСАТ М, се дел од групата која упадна во прес центарот на Собранието и ги тепаше пратениците.