На покана на градоначалникот на општината Панаѓуриште (Бугаријa) Никола Белишки делегација од градот Кавадарци беше дел од свеченото одбележување на 141-годишнината од избувнувањето на Априлското востание.
Претставниците на Општинската администрација од Кавадарци – Самоил Капетановски, Стефан Стоев, Надица Настова и Зоран Ефтимов се вклучија во прославата на 141-годишнината од избувнувањето на Априлското востание и оддадоа почит на хероите од Април 1876-та година.
Во зградата на Општината, претставниците на Општинска администрација – Кавадарци се сретнаа со градоначалникот г-дин Никола Белишки, заменик-градоначалниците г-ѓа Галина Матанова и г-дин Георги Павлов и претседателот на Општинскиот совет, г-дин Христо Калојанов.
На работната средба беа разгледани голем број прашања поврзани со спроведувањето на проекти дел од оперативните програми на Европската унија. Разгледани беа и прашања во областа на образованието, културата, спортот и здравствената политика на двете општини.