fbpx
35.8 C
Skopje

Каков хороскопски знак сте според Маите?

АКТУЕЛНО

Знаењата на Маите во областа на астрономијата и математиката и до ден денешен продолжуваат да ги вчудоневидуваат научниците. Хороскопот создаден од нив е еден од најстарите. Некои астролози се убедени дека е овој хороскоп е многу точен.
Без разлика дали верувате во такви работи, веројатно би сакале да дознаете кој е вашиот знак според календарот на Маите.

Лилјак (26 јули – 22 август)
Лилјакот е бранител на домот и глава на семејството. Без разлика дали станува збор за маж или жена, човекот, роден под овој знак, поседува исклучително силен дух. Тој е амбициозен, постојан, искрен, но понекогаш и премногу груб. Зад оваа суровост сепак не се крие ништо друго освен желбата за правда.

Скорпија (23 август – 19 септември)
Луѓето родени под знакот на Скорпија, сакаат да ги покажуваат чувствата и мислите, но не со зборови, туку со дела. Според Маите, Скорпиите, се надарени со „дарот на меморијата“ – тие паметат сè – и доброто и лошото. Во односите со околината се лојални, чесни и посветени. Нивниот најголем проблем е тоа што очекуваат секогаш да им се возвраќа со истото, инаку стануваат злобни!

Елен (20 септември – 17 октомври)
Елените се паметни, мили и со големо срце. Исклучително романтични по природа кои ги обожаваат објаснувањата во љубов и комплиментите. Ранливи и нежни суштества, со многу силна интуиција и голем талент.

Був  (18 октомври – 14 ноември)
Своеволни и непослушни! Бувовите обожаваат некој да им наметнува правила, бидејќи се родени потоа тие правила ги претворат во пепел. Тие ги уриваат ѕидовите, ги побиваат митовите и секогаш сè превртуваат со нозете нагоре. Овие луѓе се исклучително паметни и инвентивни. Го мразат суеверието и најверојатно не веруваат на ниту еден збoр во овој хороскоп. Бувовите следат еден принцип – окото да види, раката да допре!

Паун (15 ноември – 12 декември)
Гордост – тоа е зборот што најточно ги опишува родените под овој знак. Извондредни луѓе кои обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Жените пауни се надарени со посебен шарм на кој никој маж не може да одолее. Околу нив секогаш е полно со обожаватели.

Гуштер (13 декември – 9-ти јануари)
Гуштерите се мирни и избалансирани личности. Преферираат тишина и осаменост. Тие се чувствуваат одлично кога се сами и ужасно кога се лишени од својот личен простор. Во љубовта овие луѓе се исклучително посветени, но тешко се навикнуваат да го делат цело време нивниот кревет со друга личност.

Мајмун (10 јануари – 6 февруари)
Совршени пријатели и ужасни партнери! Секогаш можете да сметате на Мајмун пријател, но ако тоа е љубовта на вашиот живот – Тешко! Нив едноставно се брзо им се здосадува. Ако сте вљубени во жена од овој хороскопски знак ќе треба да бидете многу инвентивни, за да успеете да го задржите нејзиниот интерес и внимание.

Јастреб (7 февруари – 6 март)
Јастребите се вљубуваат еднаш и засекогаш. Тие се неверојатно посветени и верни кон семејството и пријателите. Ги мразат лагите и лицемерството. Идеалисти кои ги бранат своите вредности до крај.

Јагуар (7 март – 3 април)
Многу моќна и силна личност! Кога се вљубени, Јагуарите ќе го направат невозможното за да го освојат својот избраник. За жал, Јагуарите не спаѓаат во луѓето на кои силна страна им е посветеноста. Всушност тие се диктатори, кои секогаш ја контролираат ситуацијата. Ако си имате работа со Јагуар, помирете се дека тој ќе доминира во вашата врска.

Лисица (4 април – 1 мај)
Лисицата во хороскопот на Маите е опишана како нежна и неверојатно мила персона. Луѓето родени под овој знак, се одговорни и посветени. Тие се мирни личности кои ретко се лутат и преферираат да отстапат во одредена ситуација за да размислат пред да дејствуваат.

Змија (2 мај- 29 мај)
Змиите се луѓе кои цврсто стапнале на земјата  и кои многу внимаваат  на својата кариера и личен успех. Тие се карактеризираат со борбен дух и генијалност. Не сакаат да се заморуваат со фантазии, кога можат да дејствуваат.

Верверица (30 мај – 26 јуни)
Тоа се магнетни личности кои сепак се подготвени да се игнорираат себеси во името на љубовта. Токму тоа ги прави и ранливи кога ќе се заљубат. Често страдаат, зашто не умеат да си го чуваат срцето. Но во тоа се крие и нивниот шарм! Тие едноставно се едни невини суштества кои веруваат во доброто, и покрај сè.

Желка (27 јуни – 25 јули)
Желките се мирни и понекогаш колебливи луѓе. Не сакаат да го прават првиот чекор, затоа ако сте вљубени во Желка – дејствувајте! Инаку се добродушни и чесни. Не играат валкани игри и секогаш ја зборуваат вистината, без разлика колку и да е непријатна.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -