8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Продолжува судењето за настаните пред општина Центар

Денеска во Кривичниот суд ќе продолжи судскиот процес за нарачување и извршување на насилство во општина Центар. Во овој предмет, обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет. На 10 март судењето беше одложено поради тоа што обвинетите не дојдоа во Судот затоа што одбраната однапред знаела дека рочиштето ќе се одложи.
Никола Додевски, адвокатот на Груевски и Јанакиески, рече дека при вршење увид во списите утврдиле дека рочиштето ќе биде одложено поради тоа што Советот на јавни обвинители не определил нов обвинител во предметот како што побара судијката Татјана Михајлова.
Инаку, Советот на јавни обвинители ѝ препорача на специјалната обвинителка Катица Јанева да определи други обвинители во предметот. Советот заклучи дека специјалните обвинителки Фатиме Фетаи и Катица Јанева го прекршиле етичкиот кодекс со нивното однесување на рочиштето на 22 февруари кога судијката ги казни со 4.000 евра за непочитување на Судот.

поврзани објави

Последни објави