Војводата од Единбург, принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, најави дека наесен се повлекува од сите кралски задолженија.
„Одлуката сам ја донесе принцот Филип и поддршка за тоа доби од кралицата Елизабета“, изјави портпаролот на Бакингемската палата.
Принцот Филип следниот месец ќе наполни 96 години, а минатата година имаше 110 денови исполнети со обврски.
Тој е член, покровител или претседател на повеќе од 780 организации и ќе продолжи со соработката со нив, но „нема повеќе да игра активна улога со исполнување обврски“, соопшти палатата.