„Од архива е излезено писмото од Џафери, течат 10 дена за давање мандат. Јас сум подготвен да одам кај Иванов и да ги гарантирам унитарноста, уставноста, мултуетничноста на државата, НАТО и ЕУ перспективите, заедно со другите лидери ќе гарантираме се што го загрижува господинот Иванов“, рече Заев.
Според лидерот на СДСМ, ОБСЕ, со чии представници денеска имаше средба ќе биде од голема помош за реформите на новата Влада.
„Додека дишам ќе се борам за враќање на правото и правната држава, законот мора еднакво да важи за сите во Македонија“ , рече Заев.