fbpx
29.8 C
Skopje

Македонија го задржа 133. место на ФИФА-листата

АКТУЕЛНО

Фудбалската репрезентација на Македонија го задржа местото на кое беше и претходно и сега е  на 133.место и на најновото издание на ранкингот на ФИФА. Со оглед дека немаше репрезентативни активности изминатиот месец, има само минимални промени на одредени позиции на новата листа.

Од селекциите кои се наоѓаат во нашата квалификациска група за СП 2018, Шпанија остана на десеттата позиција, Италија е рангирана две позиции подолу, следи селекцијата на Израел на 63.место, Албанија е 66-та, а Лихтенштајн се наоѓа на 189.место на листата на ФИФА.

Бразил и понатаму е најдоброрангирана селекција во светот, пред Аргентина и Германија, а во првата „десетка“ се уште и репрезентациите на Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и на Шпанија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -