2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

НАСА: Кон земјата се движи мистериозен објект

Кон земјата следниот месец сериозно ќе се доближи необичен објект, кој според карактеристиките изгледа чудно, поради што ниту научниците од НАСА не знаат за што точно станува збор.

Објектот е наречен „2016 WF9“, а бил забележан кон крајот на минатата година, во случајно истражување. Објектот е широк околу еден километар, а би требало да помине на 51 километар одалеченост од земјата. Тоа би требало да се случи на 25. февруари оваа година.

„Не знаеме дали објектот можеби е комета, астероид или нешто сосем трето. Којзнае, можеби со тек на времето објектот го изгубил својот облик“, изјави Џејмс Бауер, заменик директорот на лабораторијата на НАСА.

„2016 WF9“ изгледа повеќе како комета, но ги нема целосните карактеристики, како прашина облак со гас, што конкретно ги дефинира кометите.

поврзани објави

Последни објави