Лошите сценарија се остварија за Сан Антонио откако францускиот плејмејкер заработи повреда на коленото, а докторските наоди ги потврдија сомнежите дека оваа сезона за Тони Паркер е завршена.
Анализите кои беа направени денес покажаа дека повредата на тетивата е сериозна и ќе го остави Паркер без настап во продолжението од серијата. Операцијата ќе биде неопходна, а прашање е дали воопшто Французинот ќе се врати во старата форма со оглед на неговата возраст.
Најбргу тој би можел да се врати на почетокот на наредната, секако доколу се одлучи да игра активно уште.