fbpx
35.8 C
Skopje

Средба Могерини – Џафери: ЕУ е подготвена за соработка со новиот претседател

АКТУЕЛНО

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери денеска одржа средба со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, во рамките на неговата прва официјална посета на Брисел, стои во соопштението од кабинетот на Могерини.

„Во дискусијата, високата претставничка ја повтори острата осуда на Европска Унија на минатонеделното насилство во Собранието кон пратениците и новинарите. Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, истакнувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и етничките политики. Европската Унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на реформските приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино“, истакнала Могерини.

Таа нагласила дека Европската Унија очекува сите политички партии конструктивно да се вклучат во политичкиот процес, во формирањето на владата, како и во работата на новото Собрание.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -