Две калифорниски компании забрзано работат на исфрлање на пазарот на роботи кои би береле овошје затоа што овоштарите со години имаат проблеми со работната снага, која во најголем дел е составена од илегални работници.
FFRobotics и Abundant robotics поставија цел механичките берачи на пазарот да се појават до 2019 година. FFRobotiсs прави машина со раце со три прсти кои ќе можат да го берат овошјето од гранки, а ќе имаат од 4 до 12 раце и ќе собираат и до 12.000 јаболка на час. Abundant robotics работи на роботи кои би ги вшмукувале плодовите.
Иако не се соопштени финансиските детали, компаниите тврдат дека роботите ќе им се исплатат на купувачите во рок од две години, што би значело дека секој робот ќе чини стотини илјади долари.