4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Детски мини маратон 2017“ во Скопје

Децата кои денеска учествуваа на „Детскиот мини маратон 2017“ заедно со УНИЦЕФ, Сојузот на спортови на Скопје, Македонскиот олимписки комитет и Сојузот на училишен спорт на Скопје испратија порака за потребата на секое дете да му се даде фер шанса.

„Секое дете се раѓа со вродено право на здрав почеток во животот, образование и на безбедно, сигурно детство. Сепак, многу деца се лишени од своите права. Среќни сме што децата кои учествуваат на годинашниов мини маратон ни се придружија во повикот на секое дете да му обезбедиме фер шанса за подобра иднина“, истакна заменик-претставник на УНИЦЕФ Елспет Ериксон.

Таа нагласи дека спортот има моќ да го промени животот на децата преку уривање на бариерите.

„Тој придонесува за здрав развој на децата, ја гради самодовербата и животните вештини. Пред се, спортот им помага на сите деца, па дури и на најсиромашните и најмаргинализираните да се забавуваат и да уживаат во детството“, рече Ериксон.

Детскиот мини маратон се одржа на кејот на реката Вардар, зади Парк хотел и Спа.

поврзани објави

Последни објави