6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Половина од вашите пријатели не ве сметаат за таков

Тоа што го мислите некого за ваш пријател, не значи дека и тој го има истото мислење за вас односно дека ги поседува истите пријателски чувства кон вас. Новото истражување објавено во  Mental Floss , покажува дека луѓето можат да имаат повеќе “еднострани пријателствa” отколку што претпоставуваат.

Во истражувањето истражувачи од MIT Media Lab оставаат на 84 студенти задачата да проценат колку добро ги познаваат другите луѓе во курсот. Секој учесник требало да ги “оцени” своите колеги на скала 0-5, каде 0 значи “не го познавам овој човек”, 3 – “пријател” и 5 – “еден од моите најдобри пријатели”. Потоа учесниците требало да прикажат како другите луѓе ги “оцениле”.

Секој сметал дека штом ќе го  смета другиот за свој пријател, тогаш и тој за возврат ќе го дефинира како таков. Но, тоа не е така. Речиси половина од сите пријателства отчитани во студијата не се реципрочни, што значи дека само една од двете страни ја смета другата за пријателска. Тоа, забележуваат научниците, може да е поврзано со растењето во социјалната сфера: луѓето се со поголема веројатност да тврдат дека се пријатели со човек на повисоко социјална ситуација, додека оние кои се популарни, се повеќе пребирливи кон тоа кој го нарекуваат пријател.

Најновите истражувања му припишуваат на пријателството значителни здравствени придобивки, вклучувајќи подолг живот, подобро ментално здравје и помал ризик од деменција. Додека некои истражувања посочуваат дека овие бенефиции се присутни, само кога се чувствуваме задоволни од пријателството.

поврзани објави

Последни објави