На познатиот актер Стивен Сегал,му беше одземено правото да влегува на украинска територија, за најмалку 5 години. Ова стана јасно од писмо на украинските сили за безбедност, објавено од новинарскиот сајт “Апостроф”. Според текстот одлуката е донесена, бидејќи Сегал „извршил социјално заканувачки активности кои се во спротивност со интересите на украинската безбедност“. Забраната доаѓа по добивањето на руско државјанство од страна на Сегал и по неговата посета на Крим. Според украинските власти, тоа се прифаќа како илегално преминување на државната граница на Украина, како и поддршка на окупацијата на Крим од Русија.