На крајот пак ќе има некакви амнестии, не знам во каков тип и до каде ќе одат тие амнестии. Ќе има и правна разврска, и правно финале, ама не исклучувам послушникот Иванов кој има уште две години мандат како претседател, и на крајот на неговиот мандат не се исклучени и амнестии или аболиции, прогнозира Љубчо Герогиевски како поранешен претседател на ВМРО ДПМНЕ кој си поднесе оставка по загубата на изборите.
„Таа амнестија која се заговараше, беше тие што се вклучени 10 години да не се занимаваат со политика. Ако погледнеме, не можеме да не констатираме дека во овие две и пол години Македонија страшно назадуваше. ВМРО-ДПМНЕ во еден момент кога се почувствува многу загрозен, трошеше пари на се и сешто. Сега тие пари некој мора да ги враќа, да ја консолидира државата назад. Се плашам дека правните случаи ќе тераат, ќе се водат и на крајот како што досега тој се покажува една доста голема марионета на ВМРО-ДПМНЕ, да им даде една аболиција и повторно да се прашуваме каде е правдата, каде е вистината и зошто изгубивме цели три години“, вели Георгиевски.